Bla Bla


ПРОНАЈДИ МЕ!!!
јуни 27, 2010, 8:57 pm
Filed under: љубов

Љуби ме, те молам пронајди ме и љуби ме.

Кратко е времето, да го губиме на пронаоѓање, затоа пронајди ме веднаш и љуби ме до бол.

Стисни ме и припиј ме до себе, одземи ми го воздухот, но предходно мораш да ме пронајдеш. Тука сум сама и ти мафтам, Види ме!!

Те молам, искористи ја својата вродена сила, наследена од машкоста, и најди ме. Неможам сама ми треба твоја помош, за откритие.

Кратко е времето за трошење во осаменост, затоа ти заповедувам ПРОНАЈДИ МЕ!



ЛеДеНА ПрИнЦезА
јуни 23, 2010, 6:48 pm
Filed under: лично

Седеше вкочанета за своето столче, или беше кревет, сеедно,

Повеќе не чувствуваше ништо, а требаше! Зашто впрочем ладнокрвно го уби секаквиот добронамерен обид на еден нетолку моќен принц.

Вчера таа го ничкоса до доле, го подигна и повторно го тресна на земја. Незнаеше зошто и незнаеше како,  но тој лошо се чувствуваше. Беше цвртста и стоеше зад својата громорозна одлука, од нигде, а сепак некаде, да не се повеќе заедно.

Поминаа убави моменти,  но тоа на ледената и беше малку, таа сакаше најубави.

Денес седи вкочанета, и некако е тажна, за својата судбина што ја тера на вакви одлуки, што предизвикуваат тажни лица. Таа не беше Лоша, едноставно само Ледена ПринЦеза.



Празниот принц…
јуни 13, 2010, 12:04 am
Filed under: љубов

Беше осамена  вечерва, но не по своја вина, туку поради празнината што ја носеше во своето срце.

Седеше и мештаеше … го замислуваше својот принц… зашто се надеваше дека ако во мислите си го направи по мерак , со голема желба и ќе го најде токму таков, принц соодветен за неа.

Имаше солзи на очи, не по своја волја… туку ги чувствуваше тапите импулси од срцето директно во главата… не по своја волја…имаше празнина.

Му ја замислуваше речиси секоја бемка и видлив белег на својот принц, сакајќи по тоа некогаш и некаде да може да го пронајде.

Плачеше… имашее голема празнина…

Сакаше да има црна коса, доволна висина и широки рамења, како би можела да се изгуби во неговата прегратка, да биде опфатена во целост…

Имаше бела насмевка и топли очи… Плачеше не по своја волја… се плашеше од осаменост… од празнината…

Седеше сама со својот принц и се надеваше дека некогаш  и ќе го сретне, зашто впрочем само таа мисла и ја надополнуваше празната душа.



Ненадеен Повик… Врисок…
мај 20, 2010, 7:23 pm
Filed under: Некатегоризирано

После години … ти се осмели да ги сфртиш моите броеви и да речеш ало….

Лебдам… Немам воздух или можеби имам премногу… не ми е јасно полна ми е главата или можеби празна со една мисла хаотично удирајќи се од внатрешноста на черепот.

Ало…е ало деееее…. будало…



Пердув
мај 19, 2010, 4:45 pm
Filed under: поезија

Лесна сум, пердув, не ме допирај

Гледај ме…

Летам слободно, каде сакам, кога сакам, со кого сакам…

Немој не ме допирај… Збори ми…

Помина времето на допири, сега зборувај… те молам… само зборувај…

Дувка ветар, а јас сум пердув, стоиш и ме гледаш, сакаш да посегнеш по мене, немој… збори ми… Зашто помина времето на допири, сега сакам да летам… збори ми…

Ако немаш што да кажеш, немам ни ја што да понудам, значи ќе одлетам… повторно…



Неколку зборови…
мај 16, 2010, 9:19 pm
Filed under: љубов

Ме сакаш …?

А зошто не…?

Разбирам….

Не, не плачам… само…

Ке биде ли подобро за нас?

Незнаеш…

Не, не плачам… само…

Ќе биде подобро…

Знаев… но кога….

По некое време, заедно или не ќе биде…

А сега, секој ли на своја страна?

Па, да…

Плачеш?!

Не не плачам, само…

Која страна?

Па, спротивната од мојата…

Само за некое време, после тоа може ќе ни се сретнат…

Плачам, плачам рикам, нејќам да прекинам, несакам други страни…

Така мора…барем за сега…

Одбивам!!

Те оставам!!!

Не плачам, само…



Кога ме оставаше…
мај 16, 2010, 8:08 pm
Filed under: љубов

Ти беше ли малку жал, денот кога  ме оставаше…?

Ти бев ли драга до денот кога ме оставаше…?

Денот кога ме оставаше, ме гледаше во очи , така уверено и така бесрамно ги нижеше своите стрели, секоја со различен отров, ги забиваше во моето срце небаре е вуду кукла…

Денот кога ме остави, направи да се променам засекогаш, ги уби сите чуваства што можев да ги дадам, некогаш некому на некого. Но, ги уби и за самиот себе си…

Денот кога… ми стана ноќ, наопаку се сврте цел универзум, а јас и личноста во мене бевме уништени…

Денот кога ме оставше беше крвник без причина, беше тивок убиец, и себичен крадач… на тој ден ми зема се, и сеуште ги осекам последицит…

Денот кога ме оставаше… засекогаш ме изгуби…



ПОВТОРНО СИЛНА,но…
мај 15, 2010, 7:03 pm
Filed under: Некатегоризирано

Ја чуваше така припено до себе, а сепак и го овозможуваше потребниот воздух за да има слобода. Ја гледаше во очи за да и каже дека покрај него е сосем сигруна, и дека нема потреба да се плаши од осаменоста или пак од болното минато, ја милуваше како да утре нема да има ден, ја сакаше не со зборвите , туку со делата…

Таа го гушна цврсто не му го дозволи потребниот воздух, ама сепак тој беше среќен покрај неа, а таа ја осети сигурноста, и знаеше дека е добро чувана. Немаше повеќе никакви грижи, како што некогаш чуварот од минатото знаеше да и ги наметне… Овој пат немаше… И беше чудно поради тоа, но и убаво, многу убаво…

Беше со новиот чувар… гушкач… љубовник… беше среќна, но не сакаше да прави споредби, затоа што тогаш ќе си ја пресечеше среќата, барајќи нешто што веќе нема. Беше вчерашната ноќ кога таа му даде се, доброволно без никаква грижа на совест а со големо задовослтово, Но во глава и вртеа неколку мисли :

Ќе биде ли се во ред? Ако да зошто ми фали

некој дел, од тебе, за тебе?

Ако не , што ќе беше да си ти покрај мене сега,

или после ова….

Немир, слобода, чудна среќа, неисополнетост…

Го гушна повторно силно, го погледна во очи, го направи среќен.



ДОЈДИ МИ…
мај 10, 2010, 9:25 pm
Filed under: љубов

Да дојдам или ќе дојдеш ?

АЈ, дојди да не треба јас да доаѓам , а ?

Или сепак да дојдам, што велиш ?

Мислам да дојдам , само ако ти сакаш да дојдеш, полесно е?

Значи, ќе дојдеш ?

Те викнав, те чекам, те барам, те мислам, те гледам, те сонувам, те допирам, ти зборувам,не одговараш, ТЕ нема не доаѓаш !!!

Ти реков дека јас ќе дојдев !!!



Те молам не ме заборавај…
мај 8, 2010, 8:20 pm
Filed under: љубов

После многу време таа дозна дека тој има некоја… Ова не беше некоја што беше пролазна, туку баш напротив некоја што целеше за подолг престој… Се натажи колку да го одбележи овој настан, затоа што впрочем знаеше дека ништо неможе, а и не сака да промени. Она неможеше да му го даде тоа што таа некогаш го даваше само за него, но СЕГА пак таа неможеше да му го даде тоа што она му го дава. НЕ беше тажна, но посака да му биде единствена во животот и сите единствени работи низ што поминале да не ги заборави никогаш, а барем по некогаш да се присети на нив, и со почит да зборува за неа, доколку некогаш и некаде треба да се изјасни… не беше тажна… само…

Помина многу време, а за прв пат таа знаеше дека тој има некоја, покрај очите и срцето и кажуваше дека има некоја на која мисли пред да заспие или поради која неможе… и знаше дека дојде време да го остави…

Не беше тажна…само имаше желба, последна… НИКОГАШ ДА НЕ ЈА ЗАБОРАВИ…